"Родителите" на Синиот ангел: Ова е парот кој ја киднапирал малечката Марија

Точка

21/10/2013

19:58

11.738

Големина на фонт

а а а

Иако негираат дека го киднапирале девојчето и изјавиле дека тие ја посвоиле малечката Марија од нејзината мајка, ромскиот пар се наоѓа во притвор, каде што ќе остане се до почетокот на судењето.

Имено, објавени се првите фотографии од ромскиот пар кој се појавил пред судот поради обвинението за киднапирањето на малечката Марија, девојче со мистериозен идентитет кое што за сосема краток период целиот свет ја запозна како Синиот ангел.


На фотографиите се претставени триесет и деветгодишниот Христос Салис и четириесетгодишната Елефтерија Димопоулолу, кои ќе бидат во притвор се до почетокот на судењето.


Доколку бидат прогласени за виновни, на овие Роми им се заканува затворска казна помеѓу 10 и 20 години. Сепак, тие негираат дека го киднапирале девојчето, тврдејќи дека ја земале под своја заштита откако нејзината мајка им ја дала, непосредно по нејзиното раѓање, пренесува "Daily Mail".


"Тоа посвојување не е баш легално, но е направено во согласност со нејзината мајка", тврди адвокатот Константинос Катсавос, застапник на Салис.

При претресот на домот во кој живеело ова семејство биле пронајдени и неколку предмети за кои што се претпоставува дека се добиени по илегален пат, односно се украдени.















Спонзорирани линкови

Маркетинг