Терористички напад во Русија: Убиени најмалку 5 лица

Точка

21/10/2013

14:42

1.923

Големина на фонт

а а а

Најмалку пет лица денес загинале, а 20 биле повредени од детонација на непозната експлозивна направа во автобус во рускиот град Волгоград, соопштиле локалните власти.

Локалната полиција најпрво објавила дека експлозијата не е резултат на криминални активности, но овој случај сега се третира како терористичко дело.

Седум повредени лица се во критична состојба, пренесува "Russia Today". Во автобусот за време на детонацијата имало 40 луѓе.

"Според прелиминарните податоци, непознатата експлозивна направа била активирана во автобусот. Можна причина за експлозијата е терористичко дело", пренесува Интерфакс, а извор е руската Истражна комисија



Спонзорирани линкови

Маркетинг