Џаред Џејмс Абрахамс (19) од САД е обвинет за хакирање на веб камерата во куќата на тинејџерската мисица Кесиди Вулф и други жени со намера од нив да изнуди слики и видео клипови.
Девојките го обвинуваат дека ги принудил да изведат стриптиз за него, за да не ги постави снимките кои ги направил преку хакираната камера на интернет. Некои од жртвите се од други земји, вклучувајќи и една девојка од Ирска. Таа му напишала на Абрахамс:
„Те молам, сети се дека имам 17 години. Имај срце“.
Неговиот одговор гласел:
„Веднаш ти кажувам, јас немам срце. Сепак, се држам до договореното, а годините не ми значат“. Младата Ирка била принудена да изведе стриптиз.
„Абрахамс се предаде на агентите на Федералното истражно биро (ФБИ), а обвинението би можело да го прати во федерален затвор на максимум две години“ – рекла портпаролката ФБИ и навела дека ова кривично дело се нарекува „секс-изнуда“.
Според обвинението, Абрахамс ја познавал Кесиди Вулф (19) која на 9 август ја понела титулата на тинејџерската Мис на САД. Вулф минатиот месец раскажала дека во еден момент оваа година добила анонимен имејл, чиј праќач тврдел дека и’ ги украл фотографиите од веб камерата и домашниот компјутер. Тој и’ рекол и дека ќе ги објавува тие фотографии „насекаде на интернет“, доколку таа не се совлече гола.
„Твојот сон да станеш модел ќе се претвори во тоа да бидеш порно ѕвезда“ – се споменува во мејлот.
Кесиди Вулф не го послушала и им се обратила на властите, па во март оваа година била покрената истрага.
Абрахамс, како што тврди,користел злонамерен софтвер на далечина да ги контролира веб страните кои тогаш фотографирале најмалку седум жени додека се пресоблекувале, не знејќи што се случува.
Некои од жртвите Абрахамс ги познавал лично, а некои ги нашол така што им ги хакирал Фејсбук профилите.
Абрахамс при полициското испрашување признал дека контролирал 30 до 40 хакирани компјутери и дека некои од жените подлегнале на изнудата.
Обвинетиот е пуштен на слобода со кауција од 50.000 долари, но одреден му е домашен притвор и мора да носи GPS нараквица. Исто така, домашниот компјутер може да го користи само за домашни задачи, а во машината ќе биде инсталиран софтвер кој ќе следи како таа се користи.