Трагедија: Трудница се самоубила фрлајќи се под воз

Точка

22/08/2013

20:27

3.648

Големина на фонт

а а а

Во Меѓумирје, на северот на Хрватска, бремена жена на возраст од 34 години смртно настрадала кога од засега непознати причини, се фрлила под товарен воз.

Во Меѓумирје, Мала Суботица, на северот на Хрватска, денес неколку минути пред 13 часот починала бремена жена. Жената стара 34 години, на преминот Мала Суботица – Белица, се фрлила под товарен воз кој сообраќал на релацијата Чаковец – Коториба, и починала на самото место на настанот.

Портал кој објавува локални вести пренел дека таа легнала на шините пред да помине возот. Наводно станува збор за жена со иницијалите Љ.С.П, која според кажувањата, наводно била во рана фаза на бременост и веќе има едно дете.

Според зборовите на очевидците, ништо не укажувало дека таа има самоубиствени намери.

„Седеше во кафуле со колегата. Како и обично, нарача кафе и чаша црно вино, ги испи, помина до блиската пекара и потоа седна на својот велосипед и се упати во правецот накај Белице“ – тврдат луѓето кои последни ја виделе жива.

Меѓутоа, од Полициската управа во Меѓумирје сега ги демантираат гласините дека била бремена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг