Честопати се случува токму фризурата да го отслика карактерот на една личност.
Обично, таа се прилагодува на обликот на лицето и претставува еден од главните фактори кои влијаат на тоа како ќе се чувствуваме и што поубаво да изгледаме. Но, понекогаш ова тврдење не може да го земеме здраво за готово.
Судејќи според фризурите на луѓето кои својата коса ја претвориле во музички инструменти, гуштери, глувци или ликови од популарните игри, тие сепак одлучиле да направат еден чекор понапред со цел да му покажат на светот дека обликот на фризурата не мора секогаш да биде според шаблон.