На Кежаровски ќе му се суди по итна постапка

Нетпрес

27/07/2013

14:07

1.260

Големина на фонт

а а а

Кривичниот суд во Скопје во најскоро време ќе го закаже судењето за новинарот на „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски, и на групата судии и адвокати кои беа приведени во акцијата „Ликвидација“.

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, за „Утрински весник“ вели дека имајќи ги предвид сите случувања изминативе денови и штрајкот со глад на новинарот Кежаровски, судењето ќе почне во многу скоро време и нема да се чека до септември, пишува Утрински весник.

„Судењето ќе почне летово по итна постапка и на него ќе бидат презентирани сите докази од обвинението кои беа поднесени деновиве“, вели Панчевски. Новинарот беше приведен пред повеќе од два месеци поради текст објавен пред пет години во кој го разоткрил идентитетот на заштитениот сведок во случајот со платеното убиство во велешкото село Ореше.

Според првиот човек на Кривичниот суд, станува збор за тешко кривично дело за кое е предвидена казна од минимум 4 години затвор.

Ова е прв пример во судската пракса новинар да биде притворен и да одговара за откривање идентитет на заштитен сведок.


Спонзорирани линкови

Маркетинг