Европската делегација загрижени поради случајот Кежаровски

Нетпрес

25/07/2013

15:17

1.134

Големина на фонт

а а а

Делегацијата на Европската унија одблиску го следи судскиот случај поврзан со притворањето на новинарот Томислав Кежаровски и одлуката на судот за повторно продолжување на притворот на новинарот за нови 30 дена, се вели во реакцијата на Делегацијата на ЕУ во земјава испратена по барање на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

„Сакаме да истакнеме дека легислативата на земјата налага мерката притвор да биде сведена на најкраткото нужно време и сите институции надлежни за спроведување на законот да дејствуваат итно да за да се забрзаат случаите во кои обвинетите се во притвор пред судењето. Европската делегација е загрижена за неодамнешните случувања, вклучувајќи ја и одлуката на новинарот Кежаровски да започне штрајк со глад“, се вели во реакцијата.

Притворениот новинар од понеделникот во истражниот затвор во Шуто Оризари почна да штрајкува со глад. Кежаровски беше уапсен на крајот на мај годинава поради сомневање дека го открил идентитетот на заштитен сведок во тексто објавен во магазинот „Репортер 92“ во 2008-ма година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг