Паркот на бранителите во Драчево свечено ќе се отвори во недела

Нетпрес

25/07/2013

11:04

1.132

Големина на фонт

а а а

Свеченото отворање на Меморијалната фонтана, која Општина Кисела Вода ја изгради во чест на загинатите бранители во конфликтот од 2001 година, ќе се случи на 28-ми јули 2013 година, со почеток во 20.30 часот.

Изградбата на Паркот н а бранителите започна на почетокот на 2013 година, а со комплетирањето на импозантната меморијална фонтана и околното хортикултурно и партерно уредување деновиве, паркот во населбата Драчево доби сосема ново руво. Паркот се протега на површина од 1225 квадратни метри, а во централниот дел е изградена шестоаголна армирано-бетонска фонтана со дијаметар од 8 метри. На секоја од шесте страни поставена е спомен-плоча со името на секој загинат бранител. Во централниот дел на фонтаната на двометарски постамент е поставена скулптура излиена во бронза со висина од 3 метри. Скулптурата е фигура на војник-бранител кој ја симболизира храброста и решителноста за одбрана на својата татковина и е дело на академскиот скулптор Димитар Филиповски.

Со свеченото отварање на меморијалната фонтана, Општина Кисела Вода ќе им оддаде должна почит на шесте бранители од Општина Кисела Вода, кои ги положија своите млади животи во конфликтот во 2001 година застанувајќи на браникот на одбраната на татковинатa, се вели во соопштението на Општината.


Спонзорирани линкови

Маркетинг