Нови 30 дена притвор за Кежаровски

Нетпрес

24/07/2013

14:02

872

Големина на фонт

а а а

Кривичниот суд одлучи да го продолжи притворот на новинарот Томислав Кежаровски за нови 30 дена, објави Канал 5.

Притворот им е продолжен на сите уапсени во полициската акција „Ликвидација“.

Според информациите од Канал 5, притворот е продолжен поради опасност од бегство.

Инаку, притворениот новинар од понеделникот почна да штрајкува со глад, во што му се придружи и неговата сопруга Марина Кежаровска.


Спонзорирани линкови

Маркетинг