Кралицата одлучува како ќе се вика бебето, не Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Точка

24/07/2013

13:25

5.283

Големина на фонт

а а а

Синот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам е трет во линијата за наследување на круната, а како престолонаследник не може да го носи било кое име, па изборот на гордите родители е многу тесен.

Иако нема многу имиња меѓу кои можат да избираат како ќе се вика малиот принц, изборот сигурно нема да биде лесен со оглед на тоа дека со него треба да се согласи кралицата, но и принцот од Велс.

Кралицата нема отворено да предлага и да коментира, но доволен е и најмал гест со кој ќе покаже дека не се согласува со името и дека Кејт и Вилијам треба да ја променат одлуката.

Кралицата веќе стави вето на предлогот на принцот Едвард нивниот син да го носи името Теодор, бидејќи тоа име не е традиционално, а принцот од Велс кој исто така одлучува дали името е погодно најмногу би сакал бебето да се вика Џорџ.


Џорџ ќе биде почест за таткото на кралицата, како што би било и Алберт, бидејќи неговото полно име било Алберт Фредерик Артур Џорџ. Името кое е фаворит на обложувалниците, но и фаворит на принцот од Велс исто така било едно од седумте имиња на Едвард VIII.

Џејмс би било исто така погодно име поради кралевите Џејмс и Џејмс VI, кои ги соединиле круните во Шкотска. Џон би било популарно помеѓу родителите, но во обложувалниците лошо котира.

Уште едно од можните имиња е Филип, а можно е и да се оддаде почест на семејството на Кејт Мидлтон и нејзиниот татко Мичел, а во тој случај можно е и името Франсис.

Името ќе биде објавено во понеделник, а до тогаш на обложувачите им преостанува само да бидат трпеливи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг