Нашата земја во следните денови ќе биде зафатена од сончево и многу топло време, најавуваат метеоролозите.
Во следните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на топол бран кој ќе услови времето да биде претежно сончево и топло со пораст на дневната температура.
Особено топло време се очекува во почетокот на следната недела кога температурата на воздухот на повеќе места ќе надмине 35 степени, а во југоисточните делови ќе достигне и 40 степени.
Времето утре ќе биде сончево и топло, а температурата ќе се движи од 28 степени во Маврово до 38 во Демир Капија и Гевгелија
Токму поради тоа ве потсетуваме на препораките, кон кои треба да се придржувате во вакви услови:
Не се изложувајте директно на сонце посебно од 11 до 17 часот,
Носете светла и лесна облека,
Пијте повеќе течности,
Избегнувајте мрсна и зачинета храна, како и газирани пијалоци,
Јадете повеќе овошје и зеленчук и
Внимателно при влегување и излегување од климатизирани простории.