Времето во Македонија денеса ќе биде претежно сончево, со утринската температура од 11 до 19, а дневната од 29 до 37 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, со температура до 34 степени.
Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9.
И во наредните денови ќе нема значителна промена на времето, ќе се задржи претежно сончево време со благ пораст на дневните температури.