Од утре пеколни горештини

Нетпрес

22/07/2013

11:51

1.275

Големина на фонт

а а а

Живата во термометрите од утре од ден во ден ќе се искачува се повисоко, за до недела да достигне максимални 40 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека од вторник следува период на сончево и топло време со пораст на дневната температура. Особено топло време се очекува за време на викендот кога температурата на воздухот во југоисточните делови ќе достигне до 40 степени Целзиусови.

Утре се очекуваат температури до 35 степени во јужните делови од земјава, додека во високите планински региони ќе биде за десетина степени посвежо.

Во Скопје исто така ќе преовладува особено топло време со температура до 32 степени.


Спонзорирани линкови

Маркетинг