Во живо од пораѓањето на векот: Кејт Мидлтон треба да се породи во секој момент!

Точка

22/07/2013

10:30

7.828

Големина на фонт

а а а

Сите во Велика Британија, но и целата светска јавност во моментов будно ги следи случувањата пред болницата "St.Mary", од каде што се очекува во секој момент да пристигне соопштението за пристигнувањето на кралската принова!

Во болницата "St.Mary", во придружба на својот сопруг, Војвотката од Кембриџ на свет треба да го донесе своето прво дете, кое што е трето по ред за наследство на британската круна. Како што беше и претходно најавено, Кејт Мидлтон најверојатно ќе го роди своето дете преку природен пат. Се до денес, ниту принцот, ниту Мидлтон не го знаеле полот на детето.


Кралските автомобили биле забележани на задниот дел од влезот во болницата денес околу шест часот наутро, по британско време, а официјалното соопштение за пораѓањето пристигнало околу час и половина подоцна.


Како што може и да се претпостави, за Кејт Мидлтон се грижи врвен медицински тим предводен од некогашниот кралски гинеколог Маркус Сечел.


Следен пат кралскиот пар ќе се појави пред јавноста на скалите пред болницата, секако, со своето дете во прегратки.


Пред болницата во моментов се насобрани огромен број на луѓе кои што пристигнале таму за да сведочат на овој историски настан, а официјалното соопштение за раѓањето на детето ќе биде објавено и на специјален штафелај поставен пред Бакингемската палата.


На истото одделение во 1982 година, принцезата Дијана на свет го донела принцот Вилијам.


Тој поради раѓањето на своето прво дете добил дозвола за отсуство од една година. Принцот Вилијам и Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон се венчаа во Вестминстерската опатија во април 2011 година, а преносот од свадбата го следеа милиони луѓе ширум светот.









Спонзорирани линкови

Маркетинг