Најмалиот елен во светот

Точка

11/07/2013

18:53

6.549

Големина на фонт

а а а

Ова слатко бебе еленче воедно е и најмалиот елен во светот, а истото било родено неодамна во зоолошката градина во Квинс, со тежина од само 453 грама.

Станува збор за првиот елен некогаш роден во зоолошка градина. Возрасните елени најчесто тежат помеѓу 35 и 300 килограми, но овој елен кога ќе порасне нема да тежи повеќе од 10 килограми. По фазата на доење, ова еленче ќе премине на вегетаријанска исхрана сочинета од свежи лисја, житарки, кељ, моркови и сено.


Станува збор за примерок кој припаѓа на расата јужноамерикански пудуа, најмалите елени на светот. Нивната телесна градба им овозможува да скокаат, да трчаат и да се искачуваат. Доколку почувствуваат опасност, тие произведуваат посебни звуци, а доколку некој ги брка, овие прекрасни мали животни трчаат цик-цак, се со цел оној кој ги гони лесно да може да ги изгуби од својот вид.


Неодоливите слатки елени имаат карактеристичен мал нос и очи како на малечко кученце. Јужноамериканските пудуа се вид кој изумира, а може да се видат на територијата на Чиле и Аргентина.








Спонзорирани линкови

Маркетинг