„Ѕирнете“ во првиот светски хотел од злато – гламур и фантазија во едно

Досега многу од светските медиуми пишуваа за првиот позлатен хотел на светот, а овојпат имаме можност и да „ѕирнеме“ во него. Хотелот е сместен во Ханој, а го добил името „The Dolce by Wyndham Hanoi Golden Lake“. Доколку сакате да уживате во чистата раскош треба да знаете дека овој хотел нема да ве разочара на ниту едно поле, туку ќе ве опие со неверојатната доза злато и сјај.