Скопје доби ново урбано обележје – галерија на графити во катната гаража „26 Јули“

Во катната гаража „26 Јули“, вчера беше отворена Skopje street art & graffiti gallery 2, а главниот град доби уште едно ново урбано обележје, по галеријата на графити која ги украси ѕидовите на ГТЦ. Новата галерија ја разубавуваат дела на 13 домашни ликовни уметници и артисти од полето на урбаната уметност коишто твореа во организација на Младинскиот културен центар и Град Скопје. Фотографиите се дело на Амел Амед.