Фотографии направени со дрон кои на “обичните” места им даваат нова перспектива

Синтија Хасенбос е професионална фотографка од Холандија, која со помош на дрон ја менува перспективата на секое фотографирано место. “Многу е интересно да се користи дрон. Постојат толку места кои за нас се толку “нормални” што на некој начин стануваат здодевни. Но, кога користам дрон, секое место станува многу поинакво од она што го гледаме”.