“Ѕирнете” во Музејот на лоша уметност каде се изложува само најдоброто од најлошото

Музејот на лоша уметност кој има вкупно три галерии во Бостон, е основан во 1993 година, а својата прва изложба ја имал една година подоцна. Оттогаш интересот за ваквиот вид на уметност расте, а денес музејот брои повеќе од 600 уметнички дела, пронајдени на разни депонии и пазари за половна роба.