Галерија: Токсичното небо над Њу Делхи

Милиони луѓе во Њу Делхи, Индија, веќе неколку недели се борат со тешкиот смог додека локалната влада презема итни мерки за да се избори со загадениот воздух. Во индиската престолнина е прогласена вонредна состојба - стопирана е работата на градилиштата, воспоставен е нов сообраќаен режим, училиштата се затворени, а луѓето што можат да работат од дома не одат на работа.