Галерија: Венециски филмски фестивал стартуваше со гламур на црвениот килим

Со проекција на филмот „Вистина“ на јапонскиот режисер Хироказу Коре-едa, започна 76. издание на најстариот филмски фестивал во Венеција. На проекцијата секако ѝ претходеше дефиле на црвениот килим, а ако судиме по првиот ден, во наредните денови ќе гледаме вистинско модно шоу. Според она што го видовме, моделите дефинитивно оваа година оставаат фантастичен впечаток, па така Кендис Сванпул и Елса Хоск беа едни за кои најмногу се зборува ден-потоа.