Дочекот на ракометарите на Вардар низ фотографии

Илјадници граѓани, спортски фанови и поддржувачи се собраа на плоштадот „Македонија“ и ги дочекаа европските ракометни шампиони – ракометарите на РК „Вардар“. Вардарци ги пречекаа членови на нивните семејства, многубројни новинарски екипи и навивачи. Тие со автобус на ЈСП се возеа по градските улици до плоштадот „Македонија“ каде што се случуваше централната прослава во организација на Град Скопје.