Галерија: Венецуела е во хаос – двајца претседатели и инциденти на улиците

Протестите во Венецуела се одржуваат на иницијатива на опозицијата, која тврди дека актуелниот шеф на државата Николас Мадуро нелегално ја присвоил функцијата на 10-ти јануари, откако по вторпат беше избран за претседател на избори бојкотирани од опозициските партии. Опозицискиот лидер и претседател на Парламентот на Венецуела, Хуан Гуаидо вчера се прогласи за привремен претседател на државата.