Како всушност изгледа животот во Русија?: Овие фотографии веројатно никогаш нема да ги видите на разгледници

Рускиот фотограф Александр Петросјан одлучил да покаже како всушност изгледа животот во Русија. Тој својата прва камера ја добил кога имал 12 години, а оттогаш поминува голем дел од своето време фотографирајќи низ Санкт Петербург и околината. Петросјан ги документирал тешките времиња по падот на Советскиот сојуз и развојот на државата откако Владимир Путин дошол на власт.