(Вознемирувачки фотографии) Фотограф исчезнал откако почнал да ја открива страшната вистина за Кина

Фотографот Лу Гуанг открил страшни работи кои кинеската влада ги крие од светот. Неговите фотографии ја прикажуваат загадената околина, сиромаштијата која владее, лицата заболени од ХИВ кои умираат отфрлени од општеството итн. Гуанг исчезнал на 23-ти ноември на пат кон Урумчи, а за него се уште нема никакви информации. Во галеријата погледнете дел од неговите дела за кои бил и наградуван.