Фотографирал моќни моменти од вулкански ерупции и молњи, а фотографиите изгледаат како вистински филмски сцени

Франциско Негрони е чилеански фотограф кој во своите дела спојува два природни феномени - вулкански ерупции и молњи,а резултат на тоа се моќните фотографии кои изгледаат како сцени од научно-фантастични филмови. Иако неговото хоби не е воопшто лесно и безопасно, Негрони никогаш не се откажал, а дел од неговата работа е објавен и од страна на "National Geographic".