Престојувал 8 месеци на улиците во Прага фотографирајќи зависници од хероин, а резултатот е претажен

Давид Тесински е независен фотограф од Прага кој се занимава со документарна и улична фотографија. Тој за потребите на овој проект поминал 8 месеци на улиците и сквотовите во својот град и вели дека со овие луѓе поминал низ разни среќни и многу тажни моменти. Повеќето лица на фотографиите се зависници од хероин или замена за хероин.