Ова необично кафуле во Сеул ќе ве направи да се почувствувате како да сте влегле во цртан филм

Доколку сте љубители на илустрации, стрипови и цртежи, едноставно не смеете да го пропуштите ова доживување кое се наоѓа во Сеул. Малото, но удобно кафуле е отворено во 2017 година, а неговата популарност постојано расте благодарение на социјалните мрежи.