Галерија: Американците се евакуираат поради ураганот Флоренс

Американскиот национален центар за урагани соопшти дека Флоренс ослабнал, но дека сè уште се очекува невреме, опасно по живот. Флоренс, кој од четврта премина во трета категорија, се наоѓа на околу 595 километри источно од Јужна Каролина, со максимална брзина на ветрот од 185 километри на час. Средиштето на Флоренс ќе се движи преку југозападниот дел на Атлантскиот Океан и ќе се приближи до брегот на Северна Каролина или Јужна Каролина денеска или утре.