Галерија: Северна Кореја ја прослави својата 70-годишнина од постоењето

За да го одбележи својот 70-ти роденден, Северна Кореја традиционално одржа воена парада и огромно шоу во Пјонгјанг, но без прикажување на нуклеарни ракети и воен арсенал. Прославата беше во духот на обединувањето на Корејскиот полуостров и формирањето на Северна Кореја, а на прославата присуствуваше државниот врв предводен од севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.