Како луѓето со слаб вид го гледаат светот без очила?

Филип Барлоу, уметник од Кејптаун, создал серија од уметнички дела кои живописно прикажуваат како гледаат луѓето со слаб вид кога ќе ги извадат очилата. На прв поглед, делата на Барлоу изгледаат како фотографии кои се надвор од фокусот, но оваа хиперреалистична уметност со заматен ефект одлично го прикажува секојдневието на овие луѓе.