Лудилото започна: Фотографии од традиционалната трка со бикови во Шпанија

Во Памплона, во шпанската покраина Навара, започна традиционалниот летен фестивал Сан Фермин кој организира трка со бикови низ тесните и стрмни улички во овој средновековен шпански град. Фестивалот потекнува од 16-ти век, во слава на светецот и заштитник на Памплона, Сан Фермин.