Галерија: Audi A1 Sportback за 2019 година

Audi ги објави техничките детали и фотографиите од новата генерација на својот мал хечбек, во пресрет на официјалната премиера која ќе се одржи во Барселона. Новиот А1 е долг 4,3 метри, широк 1,74, а висок 1,41 метар. Значајно е зголемен и багажниот простор кој сега има капацитет од 335 литри (претходно 270), а со спуштање на задната клупа се добива капацитет од 1090 литри. Новиот А1 на Audi би требало да пристигне во продажните салони до крајот на оваа година, а засега цените не се познати.