“Џинот од Илиноис”: Роберт Вадлоу е највисокиот човек кој некогаш живеел

Роден на 22-ри февруари 1918 година, Роберт Вадлоу бил висок 272 центиметри, а тежел 220 килограми. Неговата неверојатна висина била резултат на хиперактивната хипофиза, a “Џинот” го срушил светскиот рекорд за највисок човек кога достигнал висина од 2,53 метри на 18-годишна возраст. Роберт починал на 15-ти јули 1940 година, на 22-годишна возраст, поради компликации со протезите на нозете кои ги носел за полесно да се движи.