Фотографии: Еден месец антивладини протести во Никарагва

Протестите против претседателот на Никарагва, Даниел Ортега и неговата влада, започнаа на 18-ти април. Демонстрациите во кои за еден месец загинаа над 80 лица, првично беа насочени против новите ограничувања за старосна и инвалидска пензија и зголемувањето на придонесите за социјално осигурување, но сега демонстрантите бараат и оставка од Ортега.