Низ фотографии: Хаос и крвопролевање во Газа

Протестите на границата на Појасот Газа и Израел беа пресретнати со солзавци и оган од војската на Израел, оставајќи илјадници жртви. Палестинските демонстрации ги означија низа настани, вклучувајќи го и отворањето на новата американска амбасада во Ерусалим (преместена од Тел Авив откако претседателот Доналд Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел) како и одбележувањето на 70-годишнината од она што Палестинците го нарекуваат Накба, или Катастрофа, во кое илјадници луѓе беа присилени да бегаат во 1948 година, кога се формираше израелската држава. Палестинското министерство за здравство соопшти дека најмалку 43 Палестинци биле убиени во вчерашниот напад.