Галерија: Ford Fiesta Active – мал авантурист

Автомобилската компанија Ford ги објави новите фотографии од “крос” варијантата на моделот Fiesta, во пресрет на почетокот на продажбата на овој автомобил на европскиот пазар. Внатрешноста има атрактивен изглед, благодарение на специјалните спортски седишта со уникатни навлаки и украсни, контрастни детали во боја на каросеријата. Понудата на погонски единици опфаќа 1.0 EcoBoost бензинец во варијанти од 85, 100, 125 и 140 коњски сили, како и 1.5 TDCi дизел мотор со 85 и 120 коњски сили.