Чудните убавини на песочната бура која дојде од Сахара
Моќните ветрови неодамна донесоа песок од Сахара, преку Медитеранот кон западна Европа, па се до ски-стазите во Сочи, Русија, претворајќи го небото во црвена боја и оставајќи зад себе портокалов замрзнат снег. Песочните бури варираат во големина од ситен прав, па се до големина на облак кој може да покрие цел континент.