Уникатни дрвени прстени кои кријат волшебни светови во нив

Доколку сакате нешто поинакво од традиционалниот накит, ова се вистинските прстени за вас. Креативниот дизајн е идеја на канадскиот дизајнер на накит под името “Secret Wood”, а секое парче плени со посебна мистичност и волшебност. Со помош на дрво, смола и восок, дизајнерот отелотворува минијатурни пејзажи во внатрешноста на проѕирниот материјал.