Калифорнија: Морничава глетка од улиците и куќите кои ги разори калта

Седумнаесет лица загинаa, а тринаесет се водат како исчезнати во невремето кое ја зафати Калифорнија. Зимската олуја која ја погоди оваа американска држава донесе рекордна количина на дожд која предизвикала поплави и лизгање на земјиштето. Во моментот, бројката на загинати е 17, додека спасувачките тимови се во потрага по 13 лица кои можеби сè уште се заглавени во своите домови.