Уметници во Берлин на креативен начин ги прикриваат симболите на омраза

Како што демонстрантите кои во 60-тите години од минатиот век ставаа цвеќиња во цевките од пушките, некои луѓе знаат дека најдобриот начин како да се изборите против омразата е преку љубовта, убавината и креативноста. Ибо Омари е еден од тие луѓе. Преку невладината организација Die kulturellen Erben (Културно наследство), тој ја започна кампањата Paintback во која уметници ги претвораат симболите на омраза и слоганите во нешто интересно и уметничко.