Влезете во еден поинаков свет: Животот на племето Десана преку неверојатни фотографии

Племето Десана живее на оддалеченост од речиси 5 илјади километри од Бразилија. Далеку од градската врева и сообраќајниот метеж, ова Амазонско племе живее на место опколено со тропски шуми, животни и водопади. Инспириран од поинаквиот живот, фотографот Дејвид Лазар решил да ги претстави членовите на ова племе кои умешно раскажуваат една сосема нова приказна.