Mercedes го претстави новиот CLS со кадри од прекрасната Јадранска магистрала

Третата генерација на моделот којшто пред речиси 15 години предизвика вистинска дизајнерска револуција и раст на популарноста на спортските лимузини беше претставена токму денес, на Саемот за автомобили во Лос Анџелес. Тоа значи дека токму Американците први ја добија честа за во живо да ја видат третата генерација на култниот CLS, модел со којшто Mercedes тргнува во нова офанзива отворајќи ново поглавје од своето работење. Ширењето продолжува такашто CLS ќе добие два наследника, основен CLS и екстремен AMG GT од спортската понуда. Караван модел повеќе нема да има. Новиот CLS, освен еволуција на концептот за купе со четири врати, ни го донесува и новиот дизајнерски израз на Mercedes.