Отворањето на музејот Лувр во Абу Даби

Со огромна уникатна купола од преклопени геометриски решетки, со тежина од над 7.500 тони, дизајнирана од страна на францускиот архитект Жан Нувел, музејот Лувр во Абу Даби беше отворен токму изминатиов викенд, прикажувајќи стотици уметнички дела од целиот свет. Во 2007-та година, музејот Лувр во Париз потпиша договор вреден 525 милиони долари за да и' овозможи на владата на Абу Даби да го користи името Лувр за својот нов музеј во текот на период од 30 години и 750 милиони долари за самото менаџирање на музејот. Проектот којшто беше повеќе од една деценија во развој, привлече доста критки за употребата на работниците мигранти во самиот процес на изградбата, бидејќи и самиот регион поседува историја на злоупотреба и експлоатација на таквите работници. И иако архитектот неодамна го бранеше третманот на работниците, властите на Обединетите Арапски Емирати велат дека тие постигнале значаен напредок во областа на работничките права, додека критичарите сепак тврдат дека условите се и понатаму и повеќе од ужасни.