Образованието во Сирија: Како изгледа одењето на училиште во воена зона?

Конфликтот во Сирија којшто трае веќе повеќе од шест години уништи огромен дел од селата и областите околу Дамаск, оставајќи огромни урнатини, оштетувања, или пак целосни уништувања на речиси се' што е неопходно за да се одржи една заедница, или општество во целост. Сепак, илјадници семејства се' уште живеат во овие опкружени градови и села, или пак во блиските кампови за рвнатрешно раселените – и се' уште се трудат да им дадат шанса на своите деца за да се образуваат. Во областите коишто се сметаат за “ослободени” и безбедни, или пак во оние региони коишто се релативно малку “допрени” од војната, сириските ученици и студенти го создаваат својот пат кон образовните институции и покрај ризиците. Сепак, регионот и понатаму претставува воена зона, а воздушните напади во изминативе неколку месеци погодија неколку училишта.