Фотографии од патувањето на Доналд Трамп во Азија

Во изминативе 12 дена, претседателот Трамп беше на широка турнеја низ цела Азија, во посета на пет нации за државни посети, како и неколку меѓународни состаноци. Во придружба на претседателот беа и неговата сопруга, првата дама на САД, Меланија Трамп, како и голем број на помошници, агенти на тајните служби, и уште многу останати коишто се неопходни за безбеден транспорт на целата придружба за изминатите десетици илјади милји, изминати за само неколку дена. Азиските лидери пак го поздравија Доналд Трамп со раскошни церемонии и ласкања кои изгледа дека го засенуваат сето она што им било покажано на претходните претседатели. Главните цели на посетата на Азија беа зајакнување на американските партнерски односи, промовирање на слободата во целиот регион и работа за ограничување на нуклеарната закана во Северна Кореја.