Вистинско чудо среде пустина: Лековито езеро околу коешто никнало село “со 5 ѕвездички”

Хуакачина претставува вистинска оаза во пустината во јужно Перу, којашто е оддалечена десетина минути од градчето Ика, или пет часа од главниот град на Лима. Се работи за село изградено околу лековито природно езеро, коешто е опкружено со палми и монументални песочни дини. А освен возењето со Buggy и Quad, тука може да пробате и како изгледа бординг по песок. Токму затоа Хуакачина денес ја посетуваат личности од сите генерации.