Тимот на Ларвик потклекна пред Вардарки во СЦ „Јане Сандански“

Ракометарките на Вардар ја продолжија добрата серија и максималниот ефект во Лигата на шампионите во групата Г, кадешто по четири рунди сега имаат 8 бодови. Последниот триумф се случи токму оваа вечер во СЦ „Јане Сандански“, каде македонскиот преставник успеа да дојде до целта и да оствари победа над Ларвик од 30-27.