Победата над ИСИС на Филипините остави цел град – срамнет со земја

Пред пет месеци, група од про-ИСИС милитанти нападнаа и ја презедоа контролата на делови од јужниот филипински град Марави. Повеќе од 1.000 луѓе беа убиени во опсадата што беснее од тогаш, додека филипинските владини војници водеа војна против про-ИСИС локалните терористички групи наречени Група Мауте и Абу Сајаф. А воздушните напади и илјадниците владини трупи вклучени во уличните битки зедоа огромен “данок” од градот, уништувајќи и оштетувајќи стотици куќи, џамии и други објекти. По смртта на двајцата милитантни лидери, претседателот Родриго Дутерте ги прогласи борбите за завршени во текот на минатата недела, изјавувајќи дека градот Марави е повторно слободен. Денес, на отприлика 400.000 раселени жители им е дозволено да се вратат во уништените делови од градот.