Рохинџа муслиманите во Бангладеш: Најбрзо растечката бегалска група во светот

Речиси 600.000 рохинџа бегалци преминаа во Бангладеш, бегајќи од насилството во Бурма, од 25-ти август оваа година, па наваму, а голем дел од бегалците прераскажуваат крајно вознемирувачки приказни за нивните судбини. Во меѓувреме, Обединетите нации ги обвинија бурманските војници за водење на кампања за етничко чистење. Новиот бран на бегалци во Бангладеш ја поттикна тамошната влада да објави планови за изградба на еден од најголемите бегалски кампови на светот со цел да се сместат рохинџа бегалците на едно место, со што би биле заменети стотици импровизирани кампови коишто секојдневно “никнуваат” во близина на границата.